Францускиот режисер Мишел Гондри е познат по својот иновативен пристап кон снимањето на филмови и музички видеа. Неговиот најнов експеримент е филмот кој го сними исклучиво со Ајфон 7.
Десетминутниот филм, именуван Détour, беше објавен на интернет во четвртокот. Раскажува шармантна приказна за семејство на патување, во која се вклучени сите класични елементи по кои режисерот е познат, како на пример надреализмот.
Гондри, кој е најпознат по филмовите Eternal Sunshine of the Spotless Mind, The Green Hornet и многу познати музички спотови за Бјорк, Кање Вест, Бек и White Stripes, решил со својот паметен телефон да направи најсериозен проект што може.
Филмот е изненадувачки богат и деталистички. Сепак, голем дел од тоа се должи на талентот на Гондри како професионален режисер.