[Видео] Репортажа на Ал Џазира за Шар Планина

Балканската редакција на телевизијата Ал Џазира објави получасовна репортажа за Шар Планина, дел од серијалот „Врвовите на Балканот“. Во репортажата зборуваат професорот Ферид Мухиќ, кој е голем вљубеник во оваа планина, планинарката Илина Арсова, како и одгледувачи на шарпланинецот, автохтоната раса кучиња чиј дом е Шар Планина.