Видео снимка на која се гледа како ученик во француско средно училиште ѝ се заканува на професорка со лажен „пиштол“ ја шокираше јавноста во Франција. Веднаш се развија дебати и почнаа да се поставуваат прашања за зачестеноста на таквите инцидентите и како на тоа реагираат властите.
Снимката која стана вирална, првично се појави на Снепчет, и покажува училница во училиште во париското преградие Кретеј. Момче стои среде училницата и ѝ се заканува на професорката со објект кој личи на пиштол, и бара од неа да напише „присутен“ а не „отсутен“ на листата на присутни ученици.
Во позадина има друг ученик кој прави гестикулации кон камерата.
Le calme de cette enseignante braquée en plein cours par un élève et l’absence de signalement et de plainte immédiate par l’établissement scolaire à la suite de ce comportement suggère que ce type d’incidents est régulier. Qui cela étonne-t-il encore ? MLP #Créteil pic.twitter.com/xv9WtxD7ZD
— Marine Le Pen (@MLP_officiel) October 21, 2018
Француските медиуми јавија дека „пиштолот“ бил играчка, односно со него не можела да биде повредена професорката. И покрај вџашувачката ситуација, професроката изгледа невознемирено, како да не е првпат ова да ѝ се случува.
По инцидентот професорката поднела жалба против двајца 16-годишни ученици кои биле приведени, според француските медиуми. Ученикот кој ги прави безобразните гестикулации бил набрзо пуштен на слобода, додека момчето со „пиштолот“ е во притвор и вчера се појавил пред судија за малолетници.
Тој инцидентот го окарактеризирал како „шега“.
Снимката предизвика реакции на социјалните мрежи, и луѓето поставуваат прашања за казнување на учениците, дали реакцијата на професорката е соодветна и како треба да реагираат властите.
Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече инцидентот „неприфатлив“ и побара од министрите за внатрешни работи и образование да се справат со случајот.
Menacer un professeur est inacceptable. J’ai demandé au ministre de l’Éducation nationale et au ministre de l’Intérieur de prendre toutes les mesures pour que ces faits soient punis et définitivement proscrits de nos écoles.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 20, 2018