[Видео] Првата 3Д испечатена виолина во светот

Технологијата со 3Д печатењето во последните неколку години се користи за да се создади буквално се, од куќи до мозочно ткиво, а сега на ред е и светот на музиката. Првата 3Д испечатена електрична виолина стана реалност и свири исто како и досегашната електрична виолина. Таа е именувана како „Тридевариус“, во чест на класичната Страдивариус виолина.

Уметникот и музичар Laurent Bernadac, помогнал во дизајнот на инструментот, за чија изработка биле потребни многу трпение и прецизност. Виолината морала да биде доволно силна за да го издржи притисокот при свирење. Се, освен дрвениот мост и жиците е направено преку 3Д принтање. Дизајнот на оваа виолина е уникатен во однос на обичните дрвени виолини што ја прави пофлексибилна.