[Видео] Прв трејлер за анимираниот филм „Loving Vincent“ направен од над 100 уметници

Првиот трејлер за „Loving Vincent“ е објавен и ветува прекрасни визуелни елементи во формат на новела. Филмот е направен од 12 слики на масло во секунда, насликани во стилот на познатиот холандски сликар Винсент ван Гог.

Престојниот филм ќе даде детали од приказната за животот на Ван Гог кој пред својата смрт имаше бурен период. Според режисерите, повеќе од 100 уметници придонеле во изработката на филмот, која се уште трае во Полска.

Филмот се создава во студијата добитници на „Оскар“ BreakThru Films и Trademark Films, а нивната работа може секој да ја следи, па дури и да се вклучи преку нивната веб-страница.