[Видео] Протести во Хонг Конг: 100 дена во 100 секунди

Хонг Конг 100 дена е зафатен од масовни протести кој на моменти се претвораа во насилни пресметки на граѓаните и полицијата откако беше предложен нов закон за екстрадиција со кој ќе беше овозможено жителите на Хонг Конг полесно да се екстрадираат во Кина.

Револтот предизвика милиони луѓе од улиците да издејствуваат локалната власт целосно да го повлече законот, а сега граѓаните повикуваат на повисоко ниво на демократија и универзално право на глас.

Би-Би-Си подготви видео во времетраење од сто секунди, во кое се прикажани сите поважни настани од стоте дена протести. Видеото погледнете го во продолжение: