[Видео] Проекти на матурантите од Демир Хисар за искористување на зелената енергија

Иако секогаш се вели дека треба повеќе да ги користиме обновливите извори на енергија, сепак тие слабо се користат. Но, младите не мислат така, а добар пример за ова се учениците на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, кои во рамките на матурските задачи по физика конструираа неколку уреди за искористување на зелената енергија, објави порталот Еnergetskaefikasnost.info.

Ѓорги Митревски, Марио Велевски, Јане Таневски и Христијан Здравевски, водени од страна на нивниот професор по физика, Благојче Кривевски направија сончев колектор за топла санитарна вода, сончев колектор за топол воздух, сончев шпорет, но и мини ветерница за производство на електрична енергија.

Сите уреди се направени од веќе употребен материјал – реупотреба. Погледнете го видеото во продолжение:

Извор: Еnergetskaefikasnost.info