[Видео] Проект без реализација – четири децении од идејата за трамвај во Скопје

Експертите препорачуваат Градот Скопје да избере помеѓу брз трамвај (ЛРТ) и брз автобуски систем (БРТ) како нов вид на јавен превоз. За разлика од БРТ – то, градските власти веќе имаат проект и физибилити студија за изградба на трамвајот во Скопје, објави агенцијата Мета.

Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила.

Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е потребен јавен превоз што ќе развие поголеми брзини, ќе понуди поголема зачестеност на услугата и возила со поголем капацитет за превоз на патници. Единствено на ваков начин, во метрополата ќе се намали притисокот за набавка на повеќе автомобили од граѓаните и ќе се спречи натамошното намалување на бројката на патници во јавниот превоз.

Целата тема на „Мета“ можете да ја прочитате ТУКА.