[Видео] Претседателот Стево Пендаровски и британската амбасадорка Рејчел Галовеј со пораки за животната средина за „Дома“

„Оваа година, јубилејно по 50 пат светот го одбележува Денот на планетата Земја. Денеска, го славиме чудото наречено живот што за сега знаеме дека постои само на оваа сино-зелена топка која плови во Универзумот. Големите еколошки и природни катастрофи за кои сведочиме треба да ги разбереме како порака што Мајката Земја ни ја испраќа на сите“, велат од онлајн платформата „Дома“.

„Дома“ е онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии преку која се  истражува, анализира, информира и едуцира за теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест.

Во видеото на „Дома“ по повод Денот на планетата Земја, свои пораки за подобрувањето на животната средина и заедничко учество во намалувањето на последиците од климатските промени, испраќаат Претседателот Стево Пендаровски и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.