[Видео] Препродавачи на дрога ?

Првото официјално видео на продукцијата „Fully Focused“ со кое тие ја почнуваат темата за борба со стереотипите вчера беше објавено на Уou Tube каналот на Million Youth Media (МYM). Краткото видеото е насловено „Препродавање дрога?“ (Dealing Drugs?), а од продукцијата најавуваат цел серијал за различни теми со кој преку видео тие ќе се обидат да допрат до проблемот на стереотипите.

Fully Focused“ ја користат моќта на филмот за да ги предизвикаат вкоренетите перцепции, да ја подигнат јавната свест во однос на расизмот и да ги трансформираат животите на младите луѓе. Водени од млад тим сочинет од 19 посветени професионалци, „Fully Focused“ е моќен и реален пример на еден успешен младински медиум.

Погледнете го нивното видео „Dealing Drugs?“