[Видео] Прелетот на „SpaceX“ сателитите на македонското небо снимени од Скопското астрономско друштво

Скопското астрономско друштво успеа да го сними прелетот на новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX).

Видеото го направи Боби Кузманоски, а од Друштвото појаснуваат за што станува збор откако добиле многу прашања поврзани со оваа појава која граѓаните ја забележале на македонското небо.

„Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така што можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како воз, во ред еден зад друг, па добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата“, напишаа од Скопското астрономско друштво на Фејсбук.