[Видео] Предавање на Огнен Јанески: Soft skills – да или не?

Минатиот понеделник (11 мај) на ФЕИТ/МФС се одржа предавање за меки вештини (soft skills) организирано од група студенти при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ): Емилија Ѓорѓевска, Оливер Ѓорѓевски, Нерма Муминовиќ, Стефан Стојановски и Дарко Ефтимов.

Проектот е под менторство на проф. д-р Владимир Трајковиќ (Медиуми и комуникации). Гостин – предавач беше Огнен Јанески (ТВ водител, новинар, колумнист, тренер по ораторство, дигитален PR, модератор / аниматор). Беа присутни преку 100 студенти од целиот технички кампус, од различни години на студирање. Според организаторите, целта е да се едуцираат студентите за важноста на поседувањето на вакви вештини, со особен акцент на оние кои студираат на технички факултети, бидејќи таквите факултети не нудат обуки од овој контекст.

Еве видеоснимка од предавањето: