[Видео] Повеќе јавни личности со поддршка за протестот „Сонувам за хумано утре“

Протестот „Сонувам за хумано утре“ и барањата на здруженијата наидоа на поддршка од повеќе јавни личности од земјава, но и од граѓани од странство.

Пред утрешниот марш од 12 часот од Собрание – Влада – Град Скопје, сите се согласни „против“ еутаназија на бездомните животни и „за“ нивен хуман треман.

Според Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата „Мој Воздух!“ апелира граѓанските здруженија да раководат со Вардариште, бидејќи, вели тој, тие можат многу подобро да се справат со проблемот.

Актерот Јордан Симонов заедно со неговите вдомени другарчиња вели е против еутаназија на бездомните животни, бидејќи тоа не е решение.

Кристина Горовска од „Бернејс Пропаганда“ објави фотографија со „Стоп за еутаназијата на бездомните животни“, со дополнителна порака „За Скопје во кое не се убива!“.

Раперот Тони Зен исто така објави видео порака за да изрази љубов и поддршка кон животните.

Уметницата Жани Гелевска заедно со својот миленик порачува #ИЈасСонувам

Марко Новески бара конечно да се реши проблемот со бездомните животни.

Според Јана Бурчевска, не постои ништо подобродушно од кутре.

Пеце Младеновски од „Суперхикс“ вели дека се залага за хумани и трајни решенија и ќе излезе на утрешниот марш.

Поддршка стигнува и од разни делови од светот: