[Видео] Поставен нов светски рекорд со електричен скејтборд

Скејтерот Mischo Erban неодамна постави нов Гинисов рекорд постигнувајќи најголема брзина досега возејќи електричен скејтборд, достигнувајќи 96,5 километри на час. Erban, исто така, го држи и светскиот рекорд за најголема брзина со обичен скејтборд (при стоење), со нешто повеќе од 128 километри на час.

Електричните скејтборди се слични со обичните, но имаат и електрични мотори на себе кои ја придвижуваат даската. Возачите ја контролираат брзината со далечински управувач или со контролирање на сопствената тежина. На видеото подолу се прикажува како Erban го поставува рекордот.

Извор: Time