[Видео] Пост-модерниот популизам доби ново руво

Една од карактерстиките на популизмот е дека е феномен кој живее во сите епохи на политичката историја и дека е особина која е се „крие“ во сите бои на политичкиот спектар – и кај левите и кај десно ориентираните политички идеологии. Единствената разлика е во тоа што во некои периоди бил повидлив, а во други во втор план.

За популизмот и за разликата помеѓу десничарскиот и левичарскиот популизам, за тоа дали постои теорија на популизмот или сето тоа има многу повеќе врска со одредено расположение и емоција, како и за лицата на популизмот, ResPublica разговараше со др Али Пајазити, професор на Универзитетот ЈИЕ и Љупчо Петковски, постар истражувач во Евротинк – Центар за европски стратегии.

Разговорот го води Зоран Бојаровски, новинар.