[Видео] После шест години Горилаз објавија нова песна за моќта и корупцијата

Во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Горилаз се вратија со нов спот кој го истражува односот меѓу моќта, корупцијата и сочувството.

Основачите Дејмон Албарн и Џејми Хјулит работеа на враќањето на светската сцена со бендот, а  се очекува и нов албум. Но, новото видео „“Hallelujah Money”, во кое се појавува Бенџамин Клементин, е претходник на албумот, кој треба да биде објавен во текот на годината. Тоа е музичка изјава со која се преиспитува влијанието на инаугурацијата на Трамп и жали за приоритетите на власта и алчноста во сегашниот свет. Сепак, тоа е првата нова музика од бендот после шест години од објавувањето на нивниот албум во 2011 година „The Fall“.

Тие ја продолжија својата традиција на соработка со други уметници. Видеото го истакнува прекрасниот вокал Клементин, добитник на наградата Меркур, англиски композитор, поет, и мулти-инструменталист кој е вистинската ѕвезда на видеото.

Во клипот, Клементина стои во позлатен лифт во кулата Трамп.