[Видео] Посета во единственото студио за рачно изработени глобуси

Иако дигитализацијата речиси ја уништи навиката државите низ светот да се пребаруваат на глобус, сепак романтичарите не се откажаа од идејата за создавање на „топките“ каде се наоѓа мапата на целиот свет.

Peter Bellerby, незадоволен од недостигот на квалитетни опции кога станувало збор за избор на подарок, ја отворил компанијата Bellerby & Co Globemakers со цел да произведе глобуси кои ќе бидат интересни за сите.

„Ова го направив како директен резултат на потрагата по целиот свет за подарок за мојот татко и неговиот  80-ти роденден, кога не можев да најдам ништо”, вели Bellerby.„Првично мојот план беше да се направи само еден за него, а можеби и за мене, ако имав пари“.

Откако потрошил десетици илјади долари за рачно изработен глобус, тој решава да отвори компанија, вработува мал тим и започнува со бизнисот, пишува Colossal.

Посетата на ова студио погледнете го во видеото подолу: