[Видео] Поп музиката и филозофијата

„Кога попот се појави во 60-тите, се чинеше дека е особено чуден медиум омилен на „хормоналните“ средношколки и се поврзуваше со деликвентно однесување“, вели нараторот во видеото кое ја објаснува врската меѓу филозофијата и популарната музика.

Во контраст на тоа, филозофијата има репутација дека е длабоко сериозна и импресивна, природниот дом на големата амбиција да се разбереме себеси и да го трансформираме светот преку идеи. Но, од 60-тите до денес, филозофијата „стагнира, а поп музиката го освои светот. Денес е основниот медиум за артикулација на идеи во голем размер.

Затоа, се објаснува во видеото на The School of Life, доколку филозофијата сака да преживее, мора да научи многу од поп музиката.