Полицијата во Манчестер со дрон на кој имало термална камера открила нелегална забава на која присуствувале 200 луѓе. Снимката е објавена на нивната веб-страницата и на Јутјуб каналот, пренесува босански „Н1“.
Според британските медиуми, на 15 август била пријавена забава во Гортон, а полицијата пред да влезе на местото каде што се одвивала забавата искористила дрон со термална камера и забележала дека никој не се придржувал кон мерката за физичко растојание.
Од полицијата соопштија дека ваквиот вид собири е неприфатлив и неразбирлив. Оттаму посочија дека објектот ќе остане затворен, со цел да се уверат дека таму нема да има поголеми собири.