[Видео] Поддршка за средношколскиот марш од јавни личности

Актери, режисери, новинари и музичари им даваат поддршка на средношколците во пресрет на денешниот марш против лошите реформи во образованието, кој ќе започне во 12:30 часот во Градски парк.

Во видеото зборуваат режисерот Александар Поповски, музичарите Мирко Попов и Бени Шаќири, новинарот Огнен Јанески, активистите Ана Битољану, Јасмина Голубовска, Албулена Карага, актерката Несрин Таир и студентот Филип Стојановски.

Пленумот се пожали на силни притисоци од страна на директорите, еден ден пред најавениот марш.

Сепак, средношколците ги повикуваат сите граѓани да излезат денеска на улиците на заеднички марш. Нивните барања остануваат како и претходната година – укинување на ектерното тестирање, полагање државна матура по стариот концепт за сегашните матуранти, како и нивно вклучување во процесот при правењето нов концепт за државна матура, но и за било какви промени поврзани со средношколското образование.