[Видео] „Плоштад Слобода“: Како можеа да се потрошат парите за споменикот на Прометеј?

„Плоштад Слобода“: Како можеа да се потрошат парите за споменикот на Прометеј?

Граѓанската организација „Плоштад Слобода“ и вчера продолжи со „прошетките 2014“, протестни настани во чии рамки се прашува што можеше да се купи со парите потрошени на спомениците во центарот на Скопје.

На вчерашниот собир говореа  познати уметници, активисти и студенти, кои ги изразија своите видувања – како на општествено корисен начин би ги потрошиле 2.3 милиони евра, колку што чинеше изградбата на споменикот.

Видео: А1ОН