[Видео] Писарев: „Ајкулите“ од 70.000 фунти ни ги фрлија во ѓубре

Никола Писарев, програмскиот директор на Центарот за современа уметност во Скопје, на ENGAGE 2017 говореше за урбаната уметност како форма на критика и активизам. Тој ги раскажа приказните кои стојат зад некои од најпрепознатливите урбани акции во кои учествувал претходниот период.

„30 милиони луѓе во регионот ја виделе акцијата ‘Ајкули во Вардар’. Според пресметките, една ајкула на пазарот на уметнички дела би чинела околу 70.000 фунти, но драгиот наш градоначалник ги фрли во контејнер и тоа го изјави свечено, како тоа да е најголемиот успех што еден градоначалник… Па, добро можеби тоа е и неговиот најголем успех“, рече Писарев во презентацијата.

Писарев е еден од првите кој почна да користи креативни комуникации и акции во проектите на граѓанските организации и успешно решавање на различни проблеми на заедниците.

„Доста препознаени се акциите на генерални теми кои ја преокупираат јавноста во Македонија. Практично ако нешто е глупо ја истакнуваме видливоста на таа глупост. Или, ако нешто е проблем, кој луѓето само до некаде го гледаат, но не реагираат на него – како споменикот на дијазепам. Јас бев шокиран од тоа колку се троши дијазепам во Македонија“, рече тој.

Целиот говор на Писарев на ENGAGE 2017, конференцијата за друштвена активизам, погледнете ја во видеото во продолжение: