[Видео] Клавир среде протестите во Киев и порака за мир

Откако демонстрациите во Украина станаа насилни, Маркијан Матсек одлучи да испрати порака за мир така што донесе пијано клавир пред полицискиот кордон и почна да игра насвири класична музика. Наскоро му се придружија десетици други демонстранти. Клавирот на Маркијан, обоен според знамето на Украина и Европската унија , стана сензација на YouTube, а на некој начин и симбол за мирни демонстрации.

Пијано среде протестите во Киев

„Го обоив и донесов клавирот пред полицијата за да го покажам духот на револуцијата, кој во суштина е мирен и покажува дека ние сакаме мирно да се реши ситуацијата. Не мислам дека не е проблемот во луѓето со скијачки маски кои свират пијано, бидејќи мораа да ги стават кога Владата донесе закон со кој ги забрани мирните демонстрации. Луѓето почнаа да користат Фејсбук и Твитер бидејќи  беа загрижени дека домашните социјални мрежи ги контрола Русија. Се организиравме на Твитер за да ја подигнеме свеста за настаните во Украина, и вклучивме и познати личности меѓу кои и Ричард Бренсон “, изјави Маркијан за BBC.