[Видео] Песната „Месо од бронза“ ги критикува проектот „Скопје 2014“ и пропагандата

Песната „Месо од бронза“ е првата од проектот на музичката група која засега стои под псевдонимот „Јавна совест“. Тие во песната го критикуваат контроверзниот проект „Скопје 2014“, протестирајќи против системот на владеење базиран на страв и против смислената пропаганда.

Се работи за искусни музичари кои имаат повеќегодишно присутство во етерот на македонската сцена. Тие се надеваат дека преку нивната песна ќе придонесат за подобрување во делот на самокритичност, свесност, совесност, интегритет, слобода на мислата, единство, еднаквост, подобра иднина и преземање одговорност за своите дела и постапки.

„Протестираме против системот на владеење базиран на страв, против смислената пропаганда стихијно интегрирана во општеството последниве години од владеачката партија за поделба во македонското ткиво, на било кое ткиво, сите луѓе без разлика на вера и етнос се исти. Против двојните аршини, против перфидната политика на обезбедување гласачи само од одредени таргет групи, против манипулација и малтертирање на членството, против полтронството, против изживувањето на медиумите со слободоумието, против срамното новинарство и економско пропагандните вести, а отсуството на правичност, одговорност и конструктивни дебати на провладините телевизии. Против немањето на правна држава во Европа во 21 век, против немање на основна поделба на власт, отсутството на извршна, парламентарна, судска власт како одделни независни единки, кои треба да се столбови и главен контролен механизам на државата. Против отсуството на едното од основните демократски начела дека партијата е едно, а државните институциите се друго и припаѓаат на сите граѓани а не на членстово на некој партија, која сака нека е. Против немањето пари за леб а купувањето на чоколади, против задолжувањето и немањето здрава економија поради проекти како што се Скопје 2014 и слични како и голем процент на измислени инвестиции. Против мегаломанскиот криминал, мафија и перење на милиони и милиони, против сомнителни апсења, убиства, хајки и пракса на владеење која до било кога досега од независноста, сега најмногу наликува на комунистичкото или автократско владение. Против абнорманото општество, тензиите, тежината од лошата политика и нарушените човечки односи, против епифеноменално и неопишливо срамната и глупава одлука за аболирање итн итн“, велат музичарите.