[Видео] Песна за Малала, девојчето-херој од Пакистан

[Видео] Песна за Малала, девојчето-херој од Пакистан

Mалала Јусафзаи беше една од личностите кои ја одбележаа минатата година. Сега 16-годишната пакистанска активистка се стекна со светска слава откако во 2012 преживеа напад на милитанти во Пакистан, кои сакаа да ја убијат поради нејзините заложби за еднаквост на жените во образованието. Малала минатата година беше номинирана и за Нобелова награда за мир. Во делови од Пакистан и Авганистан, Талибанците и натаму им забрануваат на женските деца да одат на училиште, а се проценува дека од ова се засегнати стотици илјади девојчиња.

Слушнете ја песната која група музичарки-тинејџерки ја снимија во чест на Малала Јусафзаи: