[Видео] Пеш од Берлин до Алепо по рутата на бегалците

Пет месеци Граѓанскиот марш за Алепо активно чекори низ европските земји, дневно минувајќи по 30-тина километри. Активистите оставија сè зад себе и тргнаа по стапките на бегалците, но во спротивниот правец, за да ја испратат пораката за мир. Тие се надеваат дека на долг рок ова ќе послужи како лекција за идните генерации.

Маршот пристигна на српско-македонска граница на 21 април, а ја напушти државата на 1 мај. Сега е во Грција, од каде потоа се движи кон Турција, за на крај да заврши во Сирија.

Радио МОФ маршираше со нив од Куманово до Скопје. Во продолжение, погледнете ја атмосферата и интервјуата со дел од нив во видеото што го подготви Емилија Петреска.