Од 12 до 25 јули, магаренцето на патувачкото кино „Македокс“ го посети Струшкиот Регион.
Фестивалот на креативен документарен филм и годинава ја оствари својата цел правејќи вистинско културно и филмско освежување во руралните средини. По патувањата, тимот објави кратки филмчиња од Струшкиот регион.
„За кокошките, магарињата, изгрејсонцата и ѕвездите, за нашето патување и најдобрите одмори кај баба на село“, стои во објаснувањето за видеата.
Додека ја чекаме овогодишната програма на „Македокс“ во Куршумли ан, погледнете ги подолу кратките филмчиња:
1
2
3
4