[Видео] Пародија на песната Wannabe на Spice Girls зборува за борбата за еднакви права на жените

Ново видео, кое е дел од кампањата за права и еднаквост на жените Project Everyone, е пародија на песната на Spice Girls од 90-тите, Wannabe. Во видеото се замолуваат гледачите да споделат што навистина посакуваат да имаат девојките низ светот на социјалните медиуми, со хаштагот #WhatIReallyReallyWant. Кампањата ветува дека ќе ги сподели тие пораки до светските лидери за време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември.

Проектот е дело на Project Everyone, а во него глумат познати актерки, како ѕвездата на Боливуд, Жаклин Фернандез и R’N’B триото M.O. Охрабрувачкото видео ги потенцира Целите за самоодржлив развој на ОН. Познат и како Глобални цели, документот цели да го намали влијанието на некои од најзначајните извори на глобална нееднаквост до 2030 година, со голем фокус на проблемите кои влијаат на жените и девојките.

Извор: Mashable