[Видео] „Паркер“ во мисија да го „допре“ Сонцето

„Три, две, еден, нула и полетување!“

Моќната ракета „Дејвид 4“ со соларната сонда „Паркер“ на НАСА тргна во мисија да ги открие тајните на најблиската ѕвезда, Сонцето. „Паркер“ беше лансиран од Кејп Канаверал, Флорида во 07:31 по Гринич.

Се очекува сондата да биде првото вселенско летало кое ќе му пријде на Сонцето поблиску отколку кое било друго летало досега.

Таа е со големина на помал автомобил, а ќе се приближи на 6,1 милион километри со Сонцето, што е седум пати поблиску отколку кое било летало досега. Со тоа ќе стане првото летало кое навлегло директно во атмосферата на ѕвездата, каде што температурата е околу 1.300 степени Целзиусови.

„Паркер“ ќе може да одржува релативно ниска температура иако ќе биде блиску до Сонцето. Сондата е обложена со дебел штит од јаглен од 11,5 см, кој ќе ја одржува температурата на сондата на издржливи 30 степени. Parker ќе направи вкупни 24 круга околу Сонцето, а таму ќе стигне во ноември.

Мисијата е именувана по Јуџин Паркер, физичар кој прв го теоризираше постоењето на сончевиот ветер во 1958 година. Ова е прва мисија на НАСА именувана по жив истражувач.