Актуелната политичка криза во Македонија беше тема на панел-дискусијата „Иднината на политичките превирања во Македонија – прислушување, протести, владини прислушувани разговори“, која се одржа пред два дена на конференцијата „Point 4.0“, која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.
Во дискусијата учествуваат: Ѓорѓи Пулевски од Студентскиот пленум, Билјана Гинова од „Ајде!“, Суад Мисини од ЦСРЦ, новинарот Зоран Бојаровски и активистката Ивана Јордановска. Модератор на дискусијата е Филип Стојановски.
Панелистите разговараат за ескалацијата на падот на демократијата во земјата, за механизмите за задушување на слободата на изразувањето низ заплашување и затворање на новинарите, за последиците на скандалот со користењето на државни ресурси за нелегално масовно прислушување, како и за граѓанската реакција на широко распространетата апатија – користењето на интернетот, уличните протести и окупацијата на универзитетот.
Дискусијата започнува точно на вториот час од ова видео: