[Видео] Панел дискусија: Придобивките за младите од членството во ЕУ и НАТО

Кои се европските вредности и придовките за РМ од членството во ЕУ од аспект на можности за личен и професионален развој на младите и унапредување на квалитетот на образованието? Каква е структурата и организацијата на НАТО алијансата и придобивките за РМ од нејзино зачленување?

Ова се дел од прашањата кои беа во фокусот на панел дискусијата „Придобивките за младите од членството на нашата држава во ЕУ и НАТО“, организирана од НЕКСУС – Граѓански концепт.

На панелот говорници беа Стево Пендаровски, Национален координатор за НАТО, Абдуљкадар Мемеди, директор на Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика, Дона Костуранова, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ) и Мартин Милошевски, координатор за меѓународни прашања и политики, Национален младински совет на Македонија (НМСМ).

Модератор на настанот беше Огнен Јанески.