[Видео] „Паметно“ тркало за велосипед

Најновото помагало за градските велосипедисти пристигнува – FlyKly Smart Wheel е кружна направа со вграден електромотор, која се поставува на задното тркало од велосипедот. Кога возачот почува да го врти педалите, моторот почнува да работи и го олеснува возењето, во зависност од брзината.

[Видео] „Паметно“ тркало за велосипед

„Паметното тркало“ има своја апликација, компатибилна со iOS и Android, со која се подесува брзината со која сакате да возите. Направата и апликацијата функционираат и како GPS тракер, во случај велосипедот да биде украден.

FlyKly го напојува литиумска батерија, која се полни во стандарден штекер, сама се полни кога возите надолу, а може да постигне брзина од над 30 километри на час. Направата во претпродажба чини 400 евра, а се очекува да се појави на пазарот во мај 2014.

FlyKly Smart Wheel from FlyKly on Vimeo.