[Видео] Отворен микрофон – избери демократија

Каква е состојбата на човековите права во Македонија, какви облици на дискриминација го обременуваат животот на македонските граѓани, знаат ли институциите што се случува, но и народот што треба да направи? Ова се дел од прашањата на кои одговараа активистите на мирниот собир што пред неколку дена се одржа во паркот „Жена борец“, а во организација на Цивил – Центар за слобода.

[Видео] Отворен микрофон - избери демократија

На собирот зборуваа Ирена Цветковиќ од Коалиција „Сексуални здравствени права на маргилизираните заедници“, Марјан Забрчанец од Младински образовен форум, Џелал Хоџиќ од Иницијатива „8 Септември“,  Ашмет Елезовски од Национален ромски центар, но и повеќе други активисти, граѓани, политичари.

Преку видеата објавени од Цивил, погледнете што беше кажано за демократијата во Македонија: