[Видео] Осум луѓе во Франција ја дочекале 2019 во воздух заглавени на вртелешка во луна парк

Осум луѓе ја дочекале новата година заглавени во адреналинска вртелешка во луна парк во францускиот град Рен, пренесува Еуроњуз.

Справата имала технички проблем додека луѓето при возењето биле високо во воздухот. На видео споделено на социјалните мрежи се забележува моментот кога вртелешката почнала да испушта искри, по што целосно блокирала.

Posted by Marie-pierre Boutfol Péron on Monday, 31 December 2018

Откако првиот обид на пожарникарите да ги спасат завршил неуспешно, заглавените лица морале да чекаат да бидат извлечени со хеликоптер, пренеле локалните медиуми.