На денешен ден пред осум години (2009) беа тепани студенти кои протестираа против идејата за црква насред скопскиот плоштад „Македонија“.
Овој случај влезе во речиси сите меѓународни извештаи за слобода на говор и мислење во Македонија.
Познати јавни личности, но и пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тогаш повикаа граѓаните да излезат на контрапротест за подршка на изградба на црква на плоштадот.
По инцидентот, голем дел од јавноста остро реагираше на тепањето, но и на несоодветната реакција на полицијата која не успеа да ги заштити демонстрантите од агресивните контрадемонстранти.