[Видео] Орангутан кој имитира човечки зборови можеби ја крие тајната за потеклото на јазиците

Како дел од значајно истражување, орангутанот Роки научил нови звуци и како го контролира својот глас, како што прават луѓето.

Орангутанот Роки е на чекор да им покаже на научниците како настанал човечкиот говор, откако покажал способност да го имитира начинот на кој луѓето разговараат.

Тој ги вчудовидил експертите, произведувајќи звуци слични на зборовите во „разговорен контекст“.

Истражувачите спровеле игра во која Роки ги имитирал висината и тонот на човечките звуци. Во споредба со снимки од звуци кои ги произведуваат диви и заробени орангутани, звуците на Роки биле сосема различни.

Главниот истражувач, Адриано Ламериа, од Универзитетот на Дурам, вели:
„Не е јасно како говорниот јазик еволуирал од комуникацискиот систем на нашите претци примати“.

„Наместо да учат нови звуци, се претпоставува дека звуците кои ги правеле приматите биле доведени од импулс за кои тие немале контрола, но нашето истражување докажува дека орангутаните имаат потенцијал и капацитет да го контролираат сопствениот глас“, додава.

Тоа значи дека контролата над гласот која ја имаат луѓето може да потекнува од еволуционарен предок со слични капацитети за контролирање на гласот како кај орангутаните, и сите поголеми мајмуни.