[Видео] Оптичката илузија од 90-тите се враќа во спотот на Young Rival

Канадската музичката група Young Rival во својот последен видео спот за песната „Black is good” го оживеа „Магичното око“ – мистериозните слики кои беа голем хит во 90-тите. Тие изгледаат како еден куп обоени точки, а она што навистина се крие зад нив може да се препознае само ако очите се доволно релаксирани и ако погледот не се фокусира.

Оптичката илузија од 90-тите се врака во спотот на Young Rival

За овие слики наречени автостереограми, да се перцепираат на вистинскиот начин гледачот треба да го раздвои фокусот на очите и на тој начин да го измами мозокот. Во тој случај ќе може да ги види малите варијации на повторувачки слики зад кои се крие информацијата.

Ваквите автостереограмите се прават на компјутер, а членовите на Young Rival сметаат дека нивниот музички спот е навистина „кул“. Групата сепак го сними својот музички спот во повеќе верзии за гледачите да го видат дури и ако не ги препознаат посакуваните слики од спотот во продолжение:

За оние кои сакаат полесно да ги видат сликите, може да ја искористат помошта на почетокот на видеото: Гледајте во двете точки на екранот, додека не видите како формираат трета точка на средината.

Видеото за оваа песна е направено во соработка со режисерот Jared Raab, дигиталниот уметник Tomasz Dysinski и со членовите на Young Rival, објави Huffingtonpost.