[Видео] Омар ал Шогре – од жив мртовец во Сирија до мотивациски говорник во Шведска

Омар е 24-годишен сириец кој на само седумнаесет години завршил во затворите за политички затвореници во Сирија каде поминал три години (од 2012–2015), само поради тоа што бил дел од протестите против тамошната власт.

„Јас три години не можев да го слушнам сопствениот глас, да го видам сопственото лице, бев принуден да гледам како ги измачуваат моите роднини покрај мене, не’ принудуваа дури и меѓусебно да се измачуваме.“ вели ал-Шогре во интервјуто за Радио МОФ.

Тој денеска живее во Шведска каде често држи мотивациски говори во врска со неговите затворски искуства и за сите ужасни работи кои ги преживеал, а притоа сепак го гледа позитивното во секоја една од нив.

*Интервјуто е направено од Самра Ѓурѓевиќ во рамки на Новинарскиот клуб на Радио МОФ раководен од новинарот Огнен Јанески