[Видео] Охридска „видео честитка“ по повод Денот на Охридското езеро

Пред 20 години на 21 јуни, градовите Охрид, Струга и Подградец потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото. Оттогаш овој ден се одбележува како ден на Охридското езеро.

Со ваквиот потег, целта е да се подигне јавната свет, но и да посочи на грижата за зачувувањето и заштитата на езерото од македонската и албанската страна.

Охридско Езеро е најголемото природно езеро во Македонија, а воедно и најстаро во Европа. Истовремено, тоа го поседува најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Езерото е живеалиште на 10 ендемски видови меѓу кои е и пастрмката.

Благодарение на овие карактеристики во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Во 2010 година, НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“ (Ohrid Lacus).

По повод Денот на Охридското езеро погледнете го „тајмлапсот“ на Мартин Колоски.

 

View this post on Instagram

 

Пред 20 години на 21 јуни, градовите Охрид, Струга и Подградец потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото. Оттогаш овој ден се одбележува како ден на Охридското езеро. Со ваквиот потег, целта е да се подигне јавната свет, но и да посочи на грижата за зачувувањето и заштитата на езерото од македонската и албанската страна. Охридско Езеро е најголемото природно езеро во Македонија, а воедно и најстаро во Европа. Истовремено, тоа го поседува најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Езерото е живеалиште на 10 ендемски видови меѓу кои е и пастрмката. Благодарение на овие карактеристики во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Во 2010 година, НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“ (Ohrid Lacus). #radiomof #мквести #instavesti #охрид #ohridlake #охридскоезеро

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on