[Видео] Огномет предизвика пожар под Кале

Пожар избувна вечерва нешто после 21 часот под скопската тврдина Кале, предизвикан од огномет.

Информацијата за Радио МОФ ја потврдија од противпожарната бригада, од каде велат дека веќе половина час на терен се две возила и осум пожарникари кои го гаснат пожарот.

На фотографиите и видеата споделени на социјалните мрежи се гледа како гори зеленилото и дрвјата под Калето.

Амбасададата на САД во Република Северна Македонија вечерва организираше виртуелна прослава по повод државниот празник, Денот на независностa. Во рамки на прославата беше организиран и огномет.
Е.П.