[Видео] Официјалниот филм од Озора Фестивал 2016

Еден од најпознатите и најголемите фестивал на транс музика, Озора, кој се одржува во Унгарија, вчера го објави официјалниот афтер-филм од 2016 година.

Видеото трае 45 минути, во кои се опфатени настапите и забавите од седумдневниот настан. Поголем дел од него е снимено на оригинален Super8 филм, за да даде ефект на „назад кон иднината“ психоделичната реалност која ја нуди овој фестивал.