[Видео] „Одблизу“ – документарен филм за условите во кои живеат македонските студенти

Во првата епизода од серијалот кратки документарни филмови „Одблизу“ на Центарот за истражувачко новинарствоScoop“, тема е студентскиот стандард. За лошите услови во кои живеат македонските студенти во студентските домови, за неостварените ветувања на политичарите и напорите за подобрување на позицијата на идните академски граѓани во земјава, во видеоприказната зборуваат студенти-станари од „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, членови на Студентскиот пленум, поранешниот министер за образование и наука Ненад Новковски, поранешниот претседател на Сојузот на студенти на УКИМ Самоил Малчевски, активисти и истражувачи.

Автори на документарниот филм се новинарите Жарко Настоски, Горан Лефков и Љубиша Арсиќ.