[Видео] Образовниот систем, промотер на интер-етничка толеранција или дадилка на национализам

Преку јавната дебата „Образовниот систем на Македонија, промотер на интер-етничка толеранција или дадилка на национализам“ во ЕУ Инфо Центарот се дискутираше за неформалното и формалното образование како фактори кои најмноги влијаат, или поттикнуваат да се развива национализмот, говорот на омраза и етничката (не)толеранција.

Алберт Хани, заменик директор при Форум ЗФД смета дека неформалното образование треба да промовира интернационализирање, прифаќање, еднаквост.

Покрај него, на дебатата учествуваше и Сафет Незири, кој меѓу другото говореше за влијанието на политиката врз младите, односно средношколската младина, а доцент доктор при Факултетот „Јустинијан Први“, Ана Чупеска – Станишковска нагласи дека образовниот систем во Македонија е деформиран, исто како и политичкиот систем.

Теодора Столеска од Младинскиот образовен форум, пак, рече дека мeѓу процесот на дружење се рушат етничките бариери и се менува менталитетот. Но кај нас, смета таа, и тоа ретко дружење доведува само до разбирање на сите разлики, но не и на прифаќање.

Целата дебата може да ја погледнете на видеото: