[Видео] Објавен трејлерот за концертниот филм на Ник Кејв

Ник Кејв објави трејлер за тродимензионалниот концертен филм за него и The Bad Seeds на интернет. One More Time With a Feeling ќе биде премиерно прикажуван на 8 септември, а новиот албум Skeleton Tree ќе биде објавен на полноќ истиот ден.

Филмот е режиран од Ендру Доминик, кој претходно има работено на филмовите Chopper, The Assassination Of Jesse James By The Coward Robert Ford и Killing Them Softly. Официјалната премиера ќе се случи на Филмскиот фестивал во Венеција, а ќе се прикажува во повеќе од 800 кина низ светот, пренесува NME.

Сниман е во црно-бело и во боја, како и во 2Д и 3Д. Основната идеја на Доминик била да се овековечи снимањето на албумот Skeleton Tree. Но, после смртта на 15-годишниот син на Кејв, Артур, во ноември 2015, филмот „еволуирал во нешто многу позначајно, како што Доминик го истражувал трагичниот настан и неговото влијание на пишувањето и снимањето на албумот“.

Наратор на филмот е самиот Ник Кејв, а во него има и интервјуа со членовите на бендот.