[Видео] Објавен спотот за „Wanderlust“ на Кире Мирчовски со Дамир Пух

Музичарот, гитаристот од Скопје, Кире Мирчовски, неодамна ја сними песната „Wanderlust“, каде како специјален гостин се појавува Дамир Пух, кој го работи и миксот и мастерот на целиот проект на Мирчовски.

Се работи за инструментална рок музика со примеси на фанк и блуз.

Мирчовски нагласува дека моментално работи на неговиот соло проект, албумот „Insanus“.

Во продолжение, погледнете го спотот за „Wanderlust“: