[Видео] Објавен спот за песната „Wide open“ на Chemical Brothers и Beck

Минатата година, Beck и Chemical Brothers соработуваа и ја издадоа песната „Wide Open“, за која сега е претставен спотот, дело на авторскиот двоец Dom & Nic. Старите соработници на Chemical Brothers за видеото велат дека е замислено како „спој на органското и механичкото“ , а во него танчерката Sonoya Mizuno доживува интересна трансформација.