[Видео] Објавен првиот трејлер за Trainspotting 2

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваното продолжение на култниот филм на Дени Бојл, Trainspotting. Во продолжението се појавуваат истите актери од филмот од 1996 година, меѓу кои и Еван МекГрегор и Роберт Карлајл. Вториот дел е исто така режиран од Бојл.

Во трејлерот можат да се видат ликовите Рентон (МекГрегор), Спад (Ивен Бремер), Сик Бој (Џони Ли Милер) и Бебај (Роберт Карлајл), како стојат крај шина, додека во позадина свири Lust For Life на Иги Поп.

Премиерата на Trainspotting 2 е закажана за јануари 2017 година.