[Видео] Објавен новиот спот на „СИЗ“ за песната „Стоп“

Од вчера на Youtube е достапно новото официјално видео за песната „Стоп“ на македонската група „СИЗ“. Песната е дел од нивниот трет албум „This is not a showbiz“, а спотот е направен за испит по Филмска монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Во видеото учествуваат Владимир Петровиќ, Марко Крстевски и Матеја Јанковска. Режијата и монтажата се на Михаил Димитров, додека снимател е Бранко Аврамовски.