[Видео] Ново масовно сечење дрвја во населбата Аеродром

Утринава граѓаните на општина Аеродром беа непријатно изненадени од масовната сеча на дрвјата на булевар Србија, спроти новите облакодери. Камерата на НОВА забележа  дваесетина исечени дрвја, во паркот кој овозможуваше заштита од горештините во текот на летниот период.

[Видео]Ново сечење дрвја во населбата Аеродром

Како што информираат од НОВА, побаран бил одговор од Град Скопје, од каде не биле информирани за случката. Сепак, по половина час стигнала информација дека во текот на викендот „Паркови и зеленило“ ги исекле дрвјата „бидејќи биле стари и неупотребливи“ при што најавиле засадување нови садници.