[Видео] Новиот спот на Faith No More, режиран од македонскиот режисер Гоце Цветановски

Американскиот рок бенд Faith No More го објави видеото за синглот „Cone of Shame“, во режија на нашиот режисер Гоце Цветановски.

Според басистот на бендот, Били Гулд, „ова е една од оние песни кои мораат да имаат и видео“.

„Земајќи го предвид смисолот на културното наследство на Америка опфатен во песната, ќе беше лесно да се снима во Аризона или Ново Мексико, но откако бевме неколку пати во Македонија, сфативме дека има „вајб“ таму кој немаше да биде на место со друга позадина на песната. Гоце Цветановски, како режисер, го разбра ова веднаш, знаеше што точно да прави со тоа, и заедно со одличната актерска екипа успеа да создаде нешто мрачно и прекрасно во кинематички смисол“.

Во видеото се појавуваат и македонските актери Митко Апостоловски, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Муса Исуфи, и Крле од бендот Day Off. Продуцирано е од Lynx Animation Studios.

„Cone of Shame“ е второто видео за песна од „Sol Invictus“, последниот албум на бендот, кој е и нивен голем камбек после „Album of the Year“, издаден во 1997 година.

Студио за анимација „Lynx“: Нашата амбиција е да се искачиме на врвот на светската 2Д анимација